Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце времето на задржување за излез од државата е околу 15 минути, на граничниот премин Богородица без задржувања од македонска страна. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.