На Табановце викендов зголемена фрекфенцијата на патници

Од:

Над 50.000 патници на ден викендов минуваат преку граничниот премин Табановце, а најголем дел транзитираат за соседните земји. Во оваа бројка се вклучени и туристите кои се враќаат кон земјите од Западна Европа.

– На излез денеска патниците се задржуваат петнаесетина минути, колку што впрочем е неопходно да се извршат формалните процедури, изјави раководителот на смена на ГП Табановце, Драган Трајковски.

Овој викенд во споредба со претходните на премиенот има зголемена фрекфенција особено на излез од државата.

– Во тек на овој викенд очекуваме бројка од околу 150.000 патници, вкупно од петок попладне до недела навечер. Наредниот викенд сметаме дека бројката ќе биде преполовена, вели Трајковски. Вчера на овој премин границата ја минале околу 50.000 патници. Денеска таа бројка е зголема за неколку илјади, а до крајот на денот се очекуваат уште повеќе патници.

Од ГП Табановце објаснуваат дека ги користат сите расположливи ресурси, човечки, материјални и технички за да им се овозможи на патниците минимум задржување. На овој граничен премин нема заддржување ниту за товарните возила.
И патниците кои денеска поминаа на ГП „Табановце“ велат дека подолги задржувања нема.

Патник од Романија кој влегува во државата вели дека на ГП „Табановце“ задржувањето не е подолго од пет до десет минути.

Српски државјанин, пак, кој се враќаше од одмор од соседна Грција, изјави дека нема подолги задржувања ниту на граничниот премин, ниту, пак, на патарините во Македонија и дека е задоволен од патната инфраструктура во државата.

Би можело да ве интересира

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

Орце Костов

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Стоп за возилата со руски таблички во Финска