А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

На Табановце спречен шверц на 4,5 кг марихуана

by А1он23/12/2015 - 13:10261
Share0

Царинските службеници од Одделението за оперативни работи вчера на граничниот премин Табановце спечија обид за шверц на околу 4,5 килограми марихуана.

Следете a1on на Instagram Instagram

– При детална контрола, извршена со помош на царинско куче, на ауди А6 караван со албански регистарски ознаки, управувано од албански државјанин кој патувал заедно со својата сопруга и двете малолетни деца, во специјално направен бункер во долниот дел од автомобилот, зад задниот браник се пронајдени 3 пакувања наполнети со зелена тревкаста материја, за која по извршената проверка со тестер за дрога НИК е утврдено дека станува збор за марихуана со тежина од околу 4,5 килограми, соопшти денеска Царинската управа.

Целокупниот предмет е предаден на Одделението за истраги за натамошна постапка.

Од спроведените предистражни мерки, како што е наведено во соопштението, утврдено е дека дрогата била натоварена во Албанија – област Лушнје и била наменета за западно-европскиот пазар. Пријавениот ја транспортирал марихуаната за одреден паричен надомест кој требало да му биде исплатен откако ќе ја предаде на лице во Германија.

Следете a1on на Youtube YouTube

Вредноста на оваа количина на нарко – пазарот на големо би достигнала до 27 илјади евра.

Царинската управа, како што се наведува во соопштението, ќе поднесе кривична пријава до надлежното јавно обвинителство, а осомниченото лице ќе биде изведено пред судија на претходна постапка поради постоење на основано сомневање дека осомничениот сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

carinamarihuanatabanovce

Би можело да ве интересира

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Горан Наумовски01/11/2026 - 12:01

Исчезнаа 7,8 тони медицински канабис од фирма во струмичко, МВР поднесе кривични пријави

Горан Наумовски28/10/2026 - 10:49

Царината заплени 135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол на зелениот пазар во Чаир

Горан Наумовски28/10/2026 - 10:14

(ВИДЕО) Спречен шверц на змии на „Богородица“

А1он10/10/2026 - 12:54

Балканска шверцерска група падна со 79 килограми марихуана на македонско-грчката граница

Катерина Ѓуровски06/10/2026 - 11:18

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он25/09/2026 - 18:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео