На Табановце се чека по 40 минути, се патува за втора доза вакцина во Србија

Од:

На граничниот премин Табановце утрово за влез во соседна Србија се чека од 30 до 40 минути информираат од АМСМ. Ова е поради одењето на македонските граѓани во Ниш и во Белград за втора доза вакцина „Астра зенека“.

Викендов на голем број наши граѓани им истекуваат 12. недели од примањето на првата доза при крајот на април кога Србија ја отвори можноста за вакцинирање странски државјани. Тие мора да одат во истиот град каде што ја примиле првата доза.

-Сите оние кои прв пат се вакцинираа во Белград, ќе мора за втора доза да дојдат во Белград. Така ни е речено и ние тоа мора да го почитуваме. Знам дека на Македонците полесно им е втората доза да ја примат во Ниш, но од Министерството ни објаснија дека постојат технички проблем тоа да се реализира, изјави директорот на Здравствениот дом во Ниш, Милорад Јеркан.

Директорот на пунктот за вакцинација на Белградскиот саем, Зоран Бекиќ, изјави дека 13. 000 граѓани од регионот и Европа биле поканети викендов на Белградскиот саем, бидејќи, како што кажа, поминаа 12 недели од првата доза.

-Ние сме добро подготвени за овој викенд. Во сабота очекуваме 8.000 граѓани од регионот и Европа, а во недела 5.000 и сите ќе бидат вакцинирани на Белградскиот саем, изјави Бекиќ.

Тој додаде дека за викендот ќе бидат отворени салите 3 и салата 11, а работното време на вакциналните пунктови ќе биде продолжено до 17 часот. Бекиќ потсети дека без закажување на Саемот можат да се вакцинираат граѓаните на Србија, БиХ и на Македонија, како и дека вакцинирањето без регистрација се спроведува на сите 225 пунктови во Србија.

Би можело да ве интересира

МЗ: Од денеска започна пријавувањето за вакцинирање во домашни услови

Ана Ололовска

Теренската вакцинација продолжува утре во повеќе населени места

Ана Ололовска

Само 0,02 отсто од граѓаните се заразиле со Ковид-19 по втора доза вакцина, од утре имунизирање и во домашни услови

Ана Ололовска

Во Врање досега вакцинирани 12.006 македонски граѓани со прва доза и 9.392 со втора доза

Ана Ололовска

МЗ: Во земјава вчера вакцинирани 17.085 граѓани

Ана Ололовска

Од понеделник пријавување за вакцинирање против Ковид-19 во домашни услови

Ана Ололовска