На Табановце поставена првата табла за Зелена лента за Отворен Балкан

Од:

На граничниот премин Табановце, на влез во Северна Македонија, Царинската управа на Северна Македонија ја постави првата табла за Зелена лента за Отворен Балкан што е еден од првите проекти на иницијативата за побрз проток на стоки, услуги, луѓе и капитал.

Најважната придобивка од Зелената лента за компаниите и транспортерите, како и за Овластените економски оператори од Отворен Балкан е намалување на времето на чекање на граничните премини. Тоа е овозможено преку приоритет во преминувањето и спроведување на царинските постапки со скратени и олеснети физички и документациски контроли.

Со визуелното обележување на Зелената лента за Отворен Балкан, Царинската управа ги упатува транспортерите кон полесно движење на стоките и намалување на трошоците за извоз и увоз. Следната недела вакви обележја ќе бидат поставени и на граничниот премин Ќафасан при влез во Северна Македонија, а потоа истото ќе го направат и партнерите од Србија и Албанија на позициите при влез од Северна Македонија во тие две држави.

Одобрението за овластен економски оператор кој го издава Царинската управа претставува потврда дека лицето имател на ОЕО е сигурен и безбеден партнер на царинскиот орган и има контрола над процесите на своето работење, а со протоколите кои меѓусебно ги потпишавме тие потврди се еднакво валидни и за земјите кои се дел од иницијативата Отворен Балкан. Ова е значајна придобивка за компаниите од трите земји кои побрзо и поефикасно можат да ја пласираат својата роба.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Продолжен викенд, крај на одморите, пред почеток на училишната година – гужви на границите

На „Табановце“ и „Блаце“ за излез од државата се чека до еден час

Горан Наумовски

МВР уапси возач од Шведска на „Табановце“ – возел 175 км на час каде што е дозволено 80

А1он

Зголемен интензитет на сообраќајот, се чека и до 40 минути на „Табановце“

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он