Туристите кои патуваат во Македонија или транзитираат низ државава денеска имаа можност да се информираат со флаери со карта и преглед на патарините со износот на цените.
Како што информираше директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Љупчо Георгиевски денеска на Граничниот премин Табановце, од утрово за три часа, екипите на ЈП поделија над 3.000 флаери.
– Во самиот флаер е препорачано странските граѓани да си ги сменат нивните валути во денари бидејќи повеќе им се исплати и информирани се дека цените во евра се нешто повисоки од она што ќе го платат во денари или со платежни картчки, рече Георгиевски.
Тој информираше дека вчера биле поделени 1.500 флаери од 14 до 19 часот, а дека денеска од седум часот до претпладне бројката поминува и до 3.500 флаери на секое возило кое што влезе во Македонија.
Во овој период туристичкиот бран, оцени Георгиевски е ударен и бројката на туристи од нашата држава кои патуваат кон домашните туристички дестинации или кон југ е зголемена.
Георгиевски информираше дека камерите на Јавното претпријатие регистрирале зголемена фрекфенција на возила на патарината кај Градско, но дека се очекува стабилизирање во текот на денот. Наплив на туристички бран се очекува и утре, но и по 1-ви август годинава.