На „Табановце” и на „Богородица“ се чека до 30 минути

Од:

Регионалниот пат Македонски Брод – Скопје и натаму се затворен за секаков вид на возила поради пожар во Националниот парк „Јасен“, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.

Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез е околу 30 минути, на ГП „Богородица” времето на чекање за излез изнесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури

Би можело да ве интересира

Викендов на „Табановце“ во земјава влегоа над 36.000 македонски државјани

А1он

Повторно попладневни блокади на граничните премини „Евзони“ и „Ники“ кон Македонија

АМСМ: Од 17.30 часот во прекин сообраќајот на ГП Евзони (Богородица)

Граничниот премин „Евзони“ затворен од 18 до 22 часот

Горан Наумовски

Граничниот премин „Богородица“ е затворен за сообраќај

Граничниот премин „Евзони“ – „Богородица“ е затворен за сообраќај