Повторно попладневни блокади на граничните премини „Евзони“ и „Ники“ кон Македонија

Од:

Попладнево од 18 часот по грчко време (17 часот по македонско) граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја, ќе бидат затворени на четири односно шест часа, поради блокадите на грчките земјоделци.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА во периодот меѓу 18 и 22 часот по грчко време, како и во изминатите денови така и денеска, граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција кон нашата земја, повторно ќе биде затворен за сообраќај за сите возила, со исклучок на итни случаи.

На преминот Ники (Меџитлија) сообраќајот шест часа ќе биде во прекин за товарни возила почнувајќи од 18 часот по локално време, додека за автомобилите блокадата ќе трае два часа од 20 до 22 часот, исто така по локално време.

Блокади има и на другите гранични премини, на Промахонас и Ексохи кон Бугарија, но само за камиони, додека пак на Кипи кон Турција денеска ќе биде отворен преминот.

Низ цела Грција, остануваат блокадите на земјоделците поставени на 30 ноември, кои велат дека ќе останат на улица сè додека не бидат исполнети нивните барања, а нема да се повлечат ниту за празниците.

Сепак, се очекува, како за Божик, така и за Нова година, почнувајќи од утре да ги олабават блокадите за да можат граѓаните непречено да стигнат до нивните планирани дестинации за време на празниците, но без при тоа да ги повлечат сите паркирани трактори од автопатите.

Би можело да ве интересира

Гужва на „Табановце“, „Пелинце“ и „Богородица“, се чека и по повеќе од еден час

Горан Наумовски

На „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час

Зголемена фреквенција на патиштата, најдолго чекање на Табановце и Богородица

Десетици илјади граѓани оствариле влез и излез од државата на преминот „Богородица” во последните 24 часа

ВИДЕО: Колони и чекање на Евзони и Дојран за излез и на Табановце за влез во земјава

Катерина Ѓуровски

Застој на „Евзони“ за влез во Македонија – се чека и по 4 часа на 36 степени

А1он