На стоматолог ќе се примаат само итните случаи, хроничната терапија ќе ја издаваат матичните лекари

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва информираше и за низа измени на Правилникот на Фондот за здравствено осигурување, а со цел поефикасно справување и заштита од коронавирусот.

Тој рече дека хроничната терапија ќе може да ја продолжува и матичниот лекар и истата ќе може да ја издава и за период повеќе од 6 месеци.

Понатаму, од дејноста на стоматологијата, ќе се пружаат само услуги само за итни случаи со оглед на техниката, методологијата на работа и опасноста од ширење на болеста, бидејќи станува збор за болести на устата.

Издавањето и заверката на ортопедските помагала, информираше Филипче, ќе ја вршат матичните лекари, што значи дека повеќе нема да треба физички да се оди во подрачните единици на Фондот за оваа намена.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

А1он

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски