На следните локални избори ќе се гласа со отпечаток од прст, има напредок во преговорите со опозицијата, вели Заев

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека останува определбата на следните локални избори да се гласа со отпечаток од прст.

-Како што викендов ме извести министерот за правда, има напредок во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, дури добив и драфт текст верзија што понатаму треба да продолжи со нашиот прв најголем коалициски – ДУИ, па после со албанската опозиција. Тие се фазите со што одат за да може на крајот па и да седнат сите. Очекувам, се надевам дека останува определбата да одиме со отпечаток од прст на наредните локални избори. Можеме да стигнеме. Рековме пари во Буџетот определуваме, рече Заев.

Истакна дека МВР е подготвено да направи трансфер на базата на податоци за отпечаток од прст целосно, дури и да си ја преземе обврската за менаџментот со оваа база.

-Прашањата што беа спорни на некој начин беа решени. Тоа беше прашањето што во случај, заради тоа што првпат се спроведува, во некое ридско-планинско село има гласачко место нема Интернет и не може со отпечаток. Имаше две спротивставени мислења. Едното беше да се овозможи токму на тие места, се надеваме дека ги нема, но ако ги има да имаме традиционално со прскање со спрејот, повторно со потписот – како што беше досега. Другото спротивставено гледање беше да се повтори гласањето таму или да се одложи за толку колку што има проблем. На крајот се прифати, заради тоа што е првпат само за овој пат да може на тие места се даде можност да се оди со традиционалниот досегашен начин, додаде Заев.

Посочи дека тоа е исчекор во изнаоѓањето решение на овој проблем и ја поздрави опозицијата оти го прифатила, затоа што, рече Заев, решението беше да биде само за овој пат за изборите и логично е – првпат се соочуваме со тоа и мора да ставиме отворен прозорец на решавање на ова прашање.

Министерот за правда Бојан Маричиќ во почетокот на месецов потврди дека локалните избори ќе се реализираат со отпечаток од прст, и оти до конечното донесување на измените на Изборниот законик, којшто ќе се носи со конзенсуз, ќе треба добро да се регулира идејата според сите процедури.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ