На Скопскиот аеродром слета првиот авион на релацијата Киев-Скопје-Киев

Од:

На Скопскиот аеродром денеска слета првиот авион на украинската авиокомпанија „WINDROSE“ со кој е воспоставена новата директна авиолинија на релација Киев – Скопје – Киев, што ќе се реализира секој четврток и недела.

Билетите за летот до и од аеродромот Бориспиљ на релацијата од Киев до Скопје и обратно веќе може да се купат на веб-страницата на „WINDROSE“, а летовите ќе се извршуваат со авионите Embraer-145 и ATR72-600.

-Иако авијацијата на глобално ниво претпрпува огромна криза македонскиот пазар сепак денес е победник, а ние сме благодарни на „WINDROSE“ за нивната одлука. Се надеваме дека Киев како нова дестинација ќе биде атрактивен за патниците од Северна Македонија и од соседните држави и дека ќе ја искористат можноста за посета на овој прекрасен град што се протега долж реката Дњепар и да го видат богатството на култура и историја. Од друга страна се надемае дека украинските граѓани ќе имаат можност да ги откријат убавините и културното наследство на Севрна Македонија – рече Метин Батак , генералниот директон на ТАВ Македонија.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски порача дека денеска почнува нова фаза во развојот на авиосообраќајот во земјава.

-Иако овој сектор е силно погоден од ковид кризата сепак успеваме онаму каде што државите ги олеснуваат протоколите за влез и излез да воспоставуваме нови или да ги одржиме постоечките авиолинии. Воспоставувањето на оваа линија е доказ за тоа и потврда на нашата добра соработка со Украина, рече Бочварски.

Потсети дека во изминатите години домашните аеродроми бележеа рекорден број на превезени патници и најави дека во текот на овој месец ќе се воспостави нова линија до Абу Даби преку авиокомпанијата „Визер“.

Украинската амбасадорка Наталиjа Задорожњук посочи дека и покрај пандемијата во изминатата година има значително зголемување на билатералните односи меѓу двете земји.

-Украина и Северна Македонија имаат заеднички стратешки приоритети -членство во НАТО и ЕУ и заеднички европски вредности – атктивна и успешна соработка во рамките на меѓународните организации. Се поддржуваме едни со други и имаме позитивен нагорен тренд на економската сораобтка, рече украинската амбасадорка Наталија Задорожњук.

Би можело да ве интересира

Избегната голема авионска несреќа аеродромот Џон Кенеди во Њујорк

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Замрзнат дожд падна во Минхен, замрзнати писти на аеродромот, сите летови одложени

Снегот виновник за откажани десетици летови од Амстердам

Русија: Американски бомбардери откриени во близина на границата со Русија

Горан Наумовски

Министерство за одбрана: Италијанските воздухопловни сили ќе учествуваат во патролирање на македонското небо