На Скопскиот аеродром приведен турски криминалец баран од Интерпол Германија

Од:

Приведен е криминалец од Турција кој бил баран од Интерпол Германија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Денеска (18.02.2022) на Граничниот премин „Аеродром Скопје“ на влез во Република Северна Македонија лишен од слобода е Е.А. од Турција, кој бил баран со меѓународна потерница од Интерпол-Германија за случај на перење пари, за кој е предвидена казна затвор до 10 години. Секторот за меѓународна полициска соработка во координација со јавното обвинителство презема мерки и активности за понатамошна постапка“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

ВИДЕО: Пожар уништи дискотека во Германија, 750 посетители успеаја да избегаат

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР