На нашиот најголем ски центар Попова Шапка, денеска ќе биде пуштена во употреба новата шестоседна жичница. Должината на трасата на жичницата е 1.420 метри, а максималниот капацитет 3.200 скијачи за еден час.
На настанот ќе присуствува премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки, министерот за економија Крешник Бектеши, генералниот директор на Електрани на Северна Македонија, Васко Ковачевски и управителот на ЕЛЕМ Турс Џемаиљ Јусуфи.