На првиот ден од новата учебна годнина Заев им се обрати на струмичките првоооделенци

Од:

За учениците од деветте основни и трите средни училишта во општина Струмица, како и за сите нивни врсници во државата, денес започна новата учебна година.

1–ви Септември беше посебно доживување за околу 550 првооделенци од општината , кои денес за прв пат седнаа на училишните клупи.

Во нивна чест, денес пред домот на АРМ се одржа пригодна свеченост со културно-уметничка програма, а на првооделенците им се обрати градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.

Во своето обраќање градоначалникот Заев меѓу другото истакна:

„Драги првооделенци, овој денешен ден, овој Први септември е Ваш ден, ден кога го исчекорувате првиот чекор од долгиот но многу интересен пат на Вашето образование. Тоа е патот кој води до конечната цел, да се биде човек за респект, да се биде почитуван дел од нашата заедница и општество. Дали ќе успеете во тоа, зависи од Вас. Денеска срцата на 550 дечиња од општина Струмица, бијат силно поради Први септември, како нивен прв училишен ден во животот.
Драги првооделенци, срцето на секој од Вас е дел од тие 550 детски срца. Тоа значи дека не сте сами. Ве уверувам дека таа возбуда ја чувствувам и јас, па имајте на ум дека и моето срце силно бие од среќа за сите Вас. Нека ни е честит првиот училишен ден. Ви посакувам да имате успех во учењето и среќно и безгрижно детство. Да сте ми живи, здрави и успешни првооделенци“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев