На полноќ завршува рокот за регистрација на медуимите во ДИК за рекламирање за изборите за градоначалник во Штип и Пласница

Од:

Рокот за регистрација на Радиодифузерите, печатените и електронските медиуми (интернет портали), во базата на Државната изборна комисија, за платено политичко рекламирање на учесниците во изборната кампања за предвремените избори за градоначалник на општина Штип и општина Пласница, завршува денеска (5 октомври) на полноќ. Изборите треба да се одржат на 13 декември годинава, а се очекува тие да бидат организирани согласно протоколите за превенција од Ковид-19, како на предвремените парламентарни избори.

Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) доставуваат „Барања за упис во регистар за радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали)“ до ДИК. Кон барањето задолжително се приложува тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија, не постара од 30 дена.

Барањата за упис со прилог тековна состојба се поднесуваат електронски на следната електронска адреса: [email protected] или во архивата на Државната изборна комисија на бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје (најдоцна до 24:00 часот на 5 октомври 2020 година).

Врз основа на поднесените барања за упис, ДИК изготвува „Регистар на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) кои даваат услуги на платено политичко рекламирање за време на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 2020 година. Регистарот ќе биде јавно објавен на интернет страната на Комисијата.

Радиодифузерите, печатените медиуми и електронски медиуми (интернет порталите) се должни во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите да утврдат ценовници за платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес. Ценовниците се доставуваат до Државната изборна комисија најдоцна до 24:00 часот на 7 октомври 2020 година, на следната електронска адреса: [email protected] или во архивата на Државната изборна комисија на бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје.

Радиодифузерите и печатените медиуми се должни ценовниците за платено политичко рекламирање да ги применуваат и за време на изборната кампања и притоа цената по секунда за платено политичко рекламирање и цената за закуп на рекламен простор во печатениот медиум да не се надминува просечната цена на рекламирање пресметана во последните пет изминати изборни циклуси.

Ценовниците не смеат да се менуваат до конечно завршување на изборниот процес.

Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите), кои нема да се регистрираат во ДИК и нема да бидат во Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали), односно кои нема да достават ценовници до Државната изборна комисија во предвидениот законски рок, нема да имаат право да користат финансиски средства за платено политичко рекламирање, за Предвремените избори за градоначалници на општините Штип и Пласница, 13.12.2020 година, обезбедени од Буџетот на Северна Република Македонија.

Учесникот во изборната кампања не може да нарача платено политичко рекламирање од радиодифузерите, печатените медиуми и електронски медиуми (интернат портали) и да ги исплати од средства на трансакциската сметка за изборна кампања, соопштија од ДИК.

Би можело да ве интересира

Даштевски: Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал

Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори

Горан Наумовски

Изнемоштените и болните до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори

ДИК утврди, но и отфрли неколку листи за избор на пратеници во Собранието

ДИК ги потврди листите со кандидати за пратеници

Горан Наумовски

Седум партии и коалиции досега поднеле кандидатски листи за пратеници до ДИК, рокот истекува на полноќ