На пет охридски плажи им ја исклучија струјата бидејќи немаат концесии

Од:

По повеќе од три години откако е истечен и последниот договор за закуп на охридските плажи, ЕВН ја исклучи струјата во пет објекти. Неофицијално, без електрично напојување од утрово се Охрид Куба, Кадмо, Бела Виста, Канео и Потпеш. Дел од овие плажи, функционираа и како ноќни клубови. Од ЕВН за „А1он“ потврдија дека постапувале на охридското крајбрежје.

„За исклучувањето се известени сите корисници на кои им е истечен договорот за краткотраен закуп“, велат од ЕВН за „А1он“.

За да на објектите се приклучи струја, мора да се поседува доказ за сопственост на објектот или парцелата, а плажите кои останаа без напојување се на државата, а не на фирмите кои без концесии ги управуваат. Дополнително, се бара и извод со вцртан објект од Детален урбанистички план.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, минатата недела обнзани дека без концесии, фирми правеле приход и до 190 милиони денари. Тој најави уривање на се што е узурпирано, а не е во согласност со законите.

„Треба на сите да ни стане јасно дека ваква урбанизација и користење на крајбрежјето во строго заштитените зони, едноставно, повеќе, нема да има“, рече Георгиевски.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Ова се 50 најубави плажи во Европа – шест се во Грција, пет во Хрватска, две во Албанија и една во Црна Гора

А1он

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид