На партиска конвенција ДУИ ги претстави кандидатите за локалните избори

Од:

Демократската унија за интеграции (ДУИ) денеска во Гостивар ги претстави кандидатите за градоначалници за 23 општини и носителите на листите за членови на советите во 31 општина.

За нив, Али Ахмети, лидерот на ДУИ рече дека ги красат морални вредности и оти имаат капацитет да ги реализраат програмите и ветеното.

Пред почетокот на конвенцијата во спортската сала „Младост“, Ахмети најнапред им се обрати на насобраните симпатизери и членови на партијата од бина која поставена пред салата.

Во своеото обраќање, тој рече дека откако ДУИ е формирана, Албанците во Македонија оствариле многу права.

– Не е патриотизам да се даваат попмезни изјави, патриотизам е работиш посветено и да ги спроведеш идеите на Хасан Приштина и Скендербег, рече Ахмети и апелираше до присутните да не наседнуваат на  провокации и да придонесат за одржување фер избори и да се искаже волјата без страв.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански