Превентивни мерки против коронавирусот за новинарите денеска има и на прес-конференцијата на претседателот Стево Пендаровски, која се одржува на отворен простор.
На вратата се залепени информативните плакати на Министерството за здравство во однос на превенција и заштита од Ковид-19, столчињата за новинарите се поставени на раздалеченост од еден метар, а поставена е и маса на која има гелови за дезинфекција на раце, влажни марамчиња и ракавици за раце.
На влезот во Вилата на Водно на секој новинар му беше мерена и температура. Новинарите беа известени дека доколку некој има температура повисока од 37,5 нема да може да присуствува на прес-конференцијата.