На воена вежба во Германија заминуваат 140 припадници на Армијата

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска-Јанковска, вршителот на должност заменик на Амбасадорот на САД во Република Северна Македонија Џиар Литал Џон и заменик началникот на Генералштабот на Армијата Азим Нуредини денеска свечено ги испратија припадниците на армијата, коишто ќе учествуваат на воената вежба во Германија.

Нуредини истакна дека нашата земја во оваа вежба ќе учествува со 140 припадници на армијата, од коишто со една пешадиска чета од Првата механизирана пешадиска бригада и со еден ренџерски вод од Полкот за специјални операции.

-Секоја од овие единици со својот ангажман ќе има значителе удел во вежбата. Почитувани учесници во вежбата „Севар џанкшн 19“ дава можност за развој на стекнатите значења и искуства, како и развивање на можностите за интероперабилност и извежбување со припадниците на останатите земји учеснички на вежбата, а согласно НАТО стандардите, рече Нуредини.

Вршителот на должност, заменик на Амбасадорот на САД, Литал Џон се заблагодари за дведецинскиот ангажман на нашата армија во мисиите.

-Севар џанкшн е една од најдинамичните вежби што ги организирала командата на копнените сили на САД за Европа, којашто обединува повеќе од 5.000 партнери од повеќе од 20 држави, за да меѓусебно се обучуваат и да учат едни од други. Опкружувањето ќе биде ригорзно, а мисијата ќе биде интензивна, но јас воошто не се сомневам дека вие не сте дораснати на таков предизвик, рече Литал Џон.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на денешната свеченост во штипската касарна „Јане Сандански“ истакна дека 140 припадници на армијата ќе бидат дел од оваа вежба од 10 до 30 септември, како и секогаш ќе ја докажат својата подготвеност да учествуваат во мисиите на земјите членки на НАТО. Најави дека по ланското зголемување на платите, од септември ќе следи и ново покачување за пет отсто за вработените во армијата. Забележа дека во изминатите две години се зголемуваше буџетот за армијата,а во штипската касарна во тек е и реконструкција на водоводната мрежа, со цел во самиот објект да има питка вода за пиење. Реконструкцијата се очекува да заврши наредната година, а во буџетот за 2020 година, министерката за одбрана Шеќеринска најави дека ќе имаат големи реконструкции на објекти, или какошто рече околу 20 објекти, а се со цел да ги исполниме и обврските, коишто се потребни за членство во НАТО.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори