На Мицкоски вечерва му било отстрането масно ткиво на вратот

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва оперирал масно ткиво на вратот, односно атером, дознаваме од извори на Клиниката. Тој бил хоспитализиран на Клиниката за торакална хирургија околу половина час, а масното ткиво било отстрането.

Директорот Неџат Јакупи не одговори на нашите повици, дали ситуацијата била итна, дали тој имал приоритетен упат и од кои причини толкав број доктори биле присутни на хируршката интервенција.

Претходно, на Фејсбук Мицкоски објави статус и фотографии, на кои се гледа дека на вратот има фластер.

„Киднапиран пратеник, криминал, уцени, срам, и нормално најголемата желба на СДСМ-ДУИ да ме немало во политиката… после 45 минути лесна хируршка интервенција, се чувствувам одлично. Огромна благодарност до д-р Џиковски, Срцева, Пеев и останатите. Одиме понатаму, ние сме тоа што тие не се – Обединети за нова иднина на Македонија!“, напиша тој.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

Антимон од рудник во кривопланечко ќе се извезува во САД, најави премиерот

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги информиравме сојузниците во НАТО и ЕУ за обид за дестабилизација од опозицијата на протестот на студентите

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски