А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

На крајот на 2016-та Струмица ќе добие нов театар

by А1он03/10/2015 - 14:58213
Share0

Новиот објект на театарот во Струмица се гради според планираната динамика. До почетокот на декември треба да биде изградена карабината на сценската кула, а паралелно ќе се работи и на гледалиштето. Во план е новиот театар во Струмица, кој се гради на местото на стариот и опожарен театар, да биде пуштен во употреба во декември идната година.

Добивај вести на вибер

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ја посети локацијата на изградба, која е во густо градско јадро, меѓу индивидуални згради и градинка.

– Во изминатиот период се водеше грижа во однос на неговото втемелување. Можеби некои работи не се толку видливи, но се многу значајни и изработени темелно. Според динамиката, до почетокот на декември треба да биде изградена карабината на сценската кула. Паралелно ќе се работи и на гледалиштето. Ќе ја следиме динамиката на градењето на театарот и се надеваме дека во декември идната година ќе можеме да го пуштиме во употреба новиот струмички театар. Изградбата на новиот театар ќе чини 4 милиони евра. Министерството за култура и Владата имаат обезбедено средства и како што оди изградбата, етапно ќе му бидат исплаќани на изведувачот, изјави Канческа-Милевска.

Министерката им се заблагодари и на вработените во Заводот и Музеј – Струмица кои при копањето на темелите на новиот театар откриле и извршиле конзервација на бедем од средниот век, кој ќе биде заштитен и ќе биде составен дел од партерното уредување на новиот театар.

Таа ги спомна и низата проекти кои Министерството за култура и Заводот и Музеј – Струмица ги реализираат во рамки на годинашните програми. Станува збор за уредување на археолошко-етнолошката поставка во Заводот и Музеј Струмица која ќе биде целосно нова и опремена со најсовремена технологија и со нови витрини во кои ќе бидат изложени сите важни артефакти.
– Ќе имаме реконципирање и на историската и етнолошката поставка и очекуваме следната година оваа нова поставка да ја краси самата институција. Верувам дека ќе биде многу значајна и за самите граѓани на Струмица и за сите посетители кои доаѓаат да се запознаат со вредното културно и историско богатство што го поседува градот. За овој проект се издвоени 2 милиони денари. Исто така, дозволен е и проект за уредување на депоата на самата институција, во висина од 177.000 денари, така што во текот на идната година тие ќе бидат дадени во употреба, рече министерката за култура.

Директорот на Завод и Музеј-Струмица Зоран Рујак истакна дека оваа институција согласно со програмата за работа, во текот на годината извршила повеќе конзервации и реставрации на објекти, а во делот на археологијата извршени се истражувања на локалитетот Цревено Поле, Термите во Банско. Во истражувањата е откриена мала црква во комплексот Цареви Кули.

strumicateatar

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски08/02/2026 - 14:2508/02/2026 - 15:13

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Горан Наумовски07/02/2026 - 12:07

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

Горан Наумовски04/02/2026 - 16:12

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски27/01/2026 - 10:1727/01/2026 - 14:24

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он24/01/2026 - 14:3824/01/2026 - 14:39

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Горан Наумовски25/12/2025 - 08:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен