На Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија извршени 500 интервенции и прегледани над 2.000 пациенти

Од:

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија континуирано се одвива работниот процес и во услови предизвикани од пандемијата со Ковид-19. Од крајот на март, досега, се извршени над 500 хируршки интервенции, а амбулантски се прегледани повеќе од 2.000 пациенти, соопшто Министерството за здравство.

На Клиниката, во моментот, нема листи на чекање за третман на пациентите со малигни болести. Се лекуваат и пациенти со повреди на дланка, мекоткивни и термички повреди, состојби кога е потребен итен хируршки третман и тие се третираат во оваа јавна здравствена установа. На Клиниката во континуитет се одвива и научната работа и размената на искуства со европски и светски центри.

– Во медицината е неопходно да се следат трендовите за третман, а тоа се прави преку размена на искуства со колегите од другите европски и светски центри. Нашата работа беше вреднувана со прифаќање четири научни труда за презентирање на досегашните искуства за третман на повреди на дланка на конгресот на Европската федерација на здруженија на дланка (FESSH), што ќе се одржи виртуелно поради актуелната ситуација со Ковид-19, на почеток на септември во Базел. На овој начин, рамо до рамо со колегите од сите европски центри ќе биде и Универзитската клиника за пластична и реконструктивна хирургија. За време на овој конгрес, Македонската асоцијација за хирургија на дланка ќе стане полноправен член на FESSH, посочуваат од Клиниката.

Исто така, Клиниката е дел од мултицентричната студија #RSTNCOVID, чија цел е да го евидентира начинот на третман на пациенти со повреди на дланка за време на пандемијата од неа ќе произлезат препораки и насоки на клиничките патеки во иднина.

– Во исчекување сме и на публикација на научен труд од областа на реконструкција на дланка и периферни нерви. Трудот е направен во соработка со професор д-р Оскар Азман од Медицинскиот универзитет Виена и колегите од нашата клиника. На овој начин се потврдува дека нашата клиника е референтен и етаблиран регионален центар за реконструктивна хирургија на дланка, истакнуваат од Клиниката.

Би можело да ве интересира

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството