Уште две нови аудиоснимки се појавија вечерва на новоотворен Јутјуб канал под име Дон КорлеДонев, под наслов „Силно светнал ден 1 и 2“.
На снимките наводно е гласот на поранешниот директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев.
Пред неколу дена на Јутјуб беа објавени три аудио и една снимка за Дончев.
Тој денеска беше повикан во Полициската станица Карпош да даде изјава во однос на аудио и видео снимките и по извршениот разговор си заминал.
– Д.Д. беше поканет со покана за разговор во ПС Карпош и уредно се пријави сам. По извршениот разговор, си замина, информираа од МВР.