А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

На Груевски за „Шамарите во Центар“ ќе му се суди во отсуство

by А1он16/11/2018 - 13:07238
Share0

Основниот суд Скопје 1, Скопје по барање на Специјалното јавно обвинителство денеска одлучи на обвинетиот Никола Груевски, кој моментално се наоѓа во Унгарија, да му се суди во отсуство.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Имајќи го во предвид известувањето од МВР дека обвинетиот Никола Груевски не е достапен на органите за прогон, постојат важни причини на обвинетиот да му се суди во отсуство. Во случајот „Насилство во Центар“ се работи за обвинителен акт поднесен пред повеќе години за дејствија преземени во 2013 година и во текот на расправата треба да бидат испрашани повеќе сведоци. Не е извесно кога обвинетиот Никола Груевски ќе биде достапен да му се суди во присуство и за тоа бараме да му се суди во отсуство, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

Адвокатот на експремиерот Никола Груевски, Димитар Дангов рече дека ова барање на обвинителството е неосновано и побара наместо судење во отсуство за Никола Груевски, во овој случај, да биде раздвоена постапката. Ова барање на адвокатот Дангов беше одбиено од страна на судот.

– Со раздвојување на постапката ќе се овозможи на сообвинетите да им се повреди правото на судење во разумен рок. Никола Груевски е достапен за органите на прогонот. Нашето МВР по налог на судот, во контакт со министерството за внатрешни работа на Унгарија, може да направи обид за негов повик со цел да биде достапен во оваа постапка. Од известување, неспорно е дека Никола Груевски се наоѓа во Унгарија, каде што е соопштено дека истиот бара политички азил. Ако за министерството за внатрешни работи на Унгарија е позната адресата на Никола Груевски, позната е и за нашите институции, рече Дангов.

Следете a1on на Youtube YouTube

По известувањето на адвокатот Димитар Дангов, обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски, повтори дека условите за судење во отсуство на Никола Груевски се исполнети, односно дека причините кои се наведени за раздвојување на постапката не постојат, затоа што кај обвинетиот му се ставаат на товар соучеснички дејствија во кривично дело и затоа бара иста постапка со извршителите.

Виктор Јованов

gruevskinasilstvo vo centar

Би можело да ве интересира

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

Горан Наумовски03/05/2026 - 10:18

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Горан Наумовски21/04/2026 - 17:04

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски16/04/2026 - 11:4316/04/2026 - 11:44

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски05/12/2025 - 12:4005/12/2025 - 22:04

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски05/12/2025 - 12:3705/12/2025 - 13:12

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Предраг Петровиќ03/12/2025 - 22:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто