На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час

Од:

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран зголемена е фреквенција на возила, соопшти АМСМ.

Поради зголемена фреквенција на возила, како што велат од АМСМ, на ГП Табановце за влез и излез од државата времето на чекање е околу 30 минути до 1 час, на ГП Дојран за излез од државата околу 40 минути, додека на ГП Богородица за излез од државата се чека околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Богородица-Евзони под блокада до вечер до 22 часот

И денеска Богородица-Евзони блокиран двпати по четири часа, во следните три дена грчките земјоделци ќе паузираат

Катерина Ѓуровски

Викендов на „Табановце“ во земјава влегоа над 36.000 македонски државјани

А1он

Повторно блокади на премините кон Грција, двапати по четири часа

Граничниот премин „Богородица“ е затворен за сообраќај

Преминот „Евзони“ – „Богородица“ е затворен за сообраќај