Повторно блокади на премините кон Грција, двапати по четири часа

Од:

Од 12 до 16 часот по локално време, како и попладнево од 18 часот граничниот премин Евзони кон нашата земја повторно ќе биде блокиран од грчките земјоделци во рамките на нивните активности, а блокада ќе има и на граничниот премин Ники во периодот од 19 до 23 часот, но само за товарни возила, според грчката новинска агенција АНА-МПА.

Земјоделците во Грција продолжуваат со блокадите низ целата земја, откако ја одбија поканата на грчкиот премиер за средба попладнево, а паралелно нивните барања писмено ги испратија до Владата.

Во текот на денешниот ден, според АНА-МПА, планирани се блокади за сообраќај на сите возила на Евзони, во периодот од 12 до 16 и од 18 часот по локално време, додека пак на другите премини, Ники кон Македонија и Промахонас и Ексохи кон Бугарија во прекин ќе биде сообраќајот за товарни возила.

На Евзони, блокадите започнаа пред две седмици, односно на 1 декември кога земјоделците од регионот на Пеонија и од градот Јаница пристигнаа со нивните трактори, кои околу 300 на број остануваат паркирани на грчката страна на границата.

Паралелно, земјоделците продолжуваат и со блокадите на автопатите низ цела Грција.

Главниот блок е во централна Грција, кај Никеа, во близина на Лариса, на автопатот Солун – Атина, што е затворен и сообраќајот се одвива по споредни патишта.

Грчките земјоделци, по состанокот одржан во саботата со учество на претставници од цела Грција, одлучија да не одат на средба со грчкиот премиер, испратија писмо до Владата со нивните барања, кои и јавно ги објавија.

Меѓу другото бараат: итна исплата на сите долгови што им ги должи државата; гарантирани минимални цени кои ќе ги покриваат трошоците за производство; намалување на трошоците за производство; надомест на изгубениот приход за 2025 година за сите производи чии цени паднале под трошоците за производство; запирање на масовните увози и лажно прикажување како домашни на странските земјоделски производи; итно двојно зголемување на земјоделските пензии итн.

Дополнително, се осврнуваат и на скандалот со ОПЕКЕПЕ, односно скандалот со европските земјоделски субвенции и бараат да се вратат и распределат украдените средства на вистинските корисници, земјоделците да не ги плаќаат казните, но и да се утврдат политичките и кривичните одговорности и јавно да се објават имињата.

Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.

Би можело да ве интересира

На „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час

ВИДЕО: Не се намалуваат гужвите на границите, најдолго се чека на Табановце-Прешево

Колони возила на „Богородица“ за излез од државата

ВИДЕО: Штрајкот направи хаос на границите, километарки колони на Евзони

Катерина Ѓуровски

Метеж на граница кон Грција – за излез од Македонија се чека околу два часа

А1он

На Богородица и на Дојран се чека за излез кон Грција