На граничните премини нема задржувања, кај Јанче сообраќајот по една лента

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

АМСМ известува и дека поради изведување градежни работи на регионалниот патен правец Маврово – Дебар кај село Јанче сообраќајот ќе се одвива по една лента и ќе биде регулиран од вработените. Поставена ќе биде и соодветна сигнализација за работа на пат.

Автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај зашто се вршат проверки од безбедносен карактер. Поради тоа, апелира АМСМ, возачите да не го користат.

Би можело да ве интересира

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Пламна пожар на границата меѓу Србија и Хрватска – гореше шума и ниската вегетација

Застој на „Евзони“ за влез во Македонија – се чека и по 4 часа на 36 степени

А1он

Метеж на граница кон Грција – за излез од Македонија се чека околу два часа

А1он

На 5 јули стартува системот за заедничка гранична контрола со Србија

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

A1on