На граничниот премин „Богородица“ откриени 15 мигранти од Авганистан

Од:

Царински службеници вчера во товарно возило на граничниот премин „Богородица“ пронашле 15 илегални мигранти од Авганистан, од кои пет биле деца.

– На граничниот премин „Богородица“, на царинскиот терминал, вчера во 12 часот царинските службеници во товарно моторно возило „Волво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С. (47) од Делчево, пронашле 15 илегални мигранти од Авганистан, од кои пет деца, соопшти МВР.

Мигрантите, како што се наведува во полицискиот билтен, биле пренесени во транзитен центар за понатамошна постапка и се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ

Од 17 часот шестчасовна блокада на граничниот премин Евзони