На ГП Табановце за излез од државата се чека 40 минути

Од:

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираа од АМСМ.

Оттаму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

На „Табановце“ се чека 40 минути, а на „Богородица“ 30 минути

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава

Предраг Петровиќ

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

На Табановце се запали „БМВ“ во движење

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата

На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час