На ГП Богородица и Табановце се чека околу 30 минути

Од:

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата освен на граничните премини Богородица и Табановце каде времето на чекање е околу 30 минути, информираат од Автомото сојузот.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сообраќајот на обиколницата „Мајка Тереза“, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, наведуваат од АМСМ, е нормализиран.

Би можело да ве интересира

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Пет Кинези илегално влегле во Македонија –добија парична казна, депортација и забрана за влез

Анита Петровска Рајковиќ

„Падна“ компјутерскиот систем на граничните премини во Србија

Горан Наумовски

Сакале да минат граница со менувана лична карта, пасош што му фалат страници, фалс зелен картон

Нормализирана состојбата на граничниот премин Делчево

А1он