Одобрено е обвинението во случајот „Титаник 3“ за изборни измами, со што ќе почне судењето. Во случајот ќе им се суди за уништување изборен материјал, на координаторот на ДУИ во Собрание, Ејуп Алими и на Исмет Гури, кој бил член на Општинската изборна комисија на изборите во 2013 во општина Чаир.
Обвинителниот акт што е поднесен од страна на СЈО на 29 јуни 2017 година е одобрен на 11 декември годинава од страна на Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 Скопје.