На еден месец пред техничка Влада врие од огласи за вработување во државно: Само ЕСМ бара над 500 лица

Од:

Државните институции, министерствата и јавните претпријатија побрзаа да распишат конкурси за вработувања на месец и пол пред формирањето на техничката Влада во чиј мандат сите процеси за вработувања во јавната администрација ќе бидат прекинати.

На интернет страницата на Агенцијата за администрација преку која се реализираат овие вработувања има над 80 огласи во кои се бараат нови административци.

Државната компанија ЕСМ која опстојуваше за време на енергетската криза до директна владина помош, сега вработува 500 лица. Се бараат различни профили за работни позиции, од инженери, електричари, сметководители, хигиеничари до хаус-мајстори, курири, возачи и секретари за Осломеј, РЕК Битола, ХЕЦ Црн Дрим Струга.

ЕСМ нуди плати од 30.000 до 60.000 денари во зависност од позицијата која се нуди.

Голем дел од министерствата преку оглас бараат нов персонал, а нови вработувања се потребни и во Јавните општински претпријатија и во поголем дел од општинските администрации.

Фондот за здравствено осигурување бара 41 работник за 36 позиции, Министерството за надворешни работи ќе прими 15 извршители, во транспорт и врски ќе се вработат девет нови луѓе, во МИОА ќе се вработат осуммина, а исто толку позиции се отворени и во Општата болница во Велес.

Секој ден администрацијата има потреба од нови вработувања, вели министерот за информатичко општерство и администрација Азир Алиу.

„Има луѓе кои заминуваат од јавен во приватен сектор имаме и пензионирање, така да тие потреби секогаш се такви. Јас бев на пат и не сум запознаен со бројката за колку е зголеман бројот, знам дека континуирано се отвораат огласи во различни институции.“ – вели Азир Алиу министер за информатичко општество и администрација.

На сајтот на Агенција се бара кадар и за во јавните претпријатија и десетина Агенции меѓу кои се и онаа за странски инвестиции, во Агенцијата за примена на јазикот.

Ваквите масовни вработувања секогаш се случуваат пред избори. Со оглед на тоа дека за април и мај се закажани претседателски и парламентарни избори, овие вработувања ќе ги има и во месец јануари 2024 година, односно од крајот на истиот месец кога ќе се избере техничката влада. Во следните три месеци, според законот нема да биде дозволено вработување во државната администрација.

Би можело да ве интересира

Минчев: Треба да се донесе закон за правична застапеност кој ќе биде долгорочен и применлив

Клучниот проблем во јавниот сектор е недоволната компетентност и стручност вели министерот Минчев

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Ќе се укинува техничката влада, Мицкоски најави законски измени

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Конкурси за вработување во здравство по избори, дотогаш продолжен договор на дело