На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

Од:

Денеска на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), околу пладне, се добиени неколку пријави за многу лоша смрдеа од дива депонија во населба „Лисиче“, Општина Аеродром, информираа од ЦУК.

„Граѓаните пратија и фотографии од локацијата, каде што биле фрлени животински остатоци и кожи од одрани животни, а покрај силната многу лоша смрдеа, посочија дека нивното распаѓање и разнесување на делови од страна на други животни можело да предизвика и дополнителна контаминација на околината со бактерии“.

Од Секторот за операции и координација на ЦУК, преку дежурните оперативци на РЦУК Скопје било контактирано со надлежни служби. Притоа, во координација со одговорната на дежурната служба на Комунална хигиена на Град Скопје, е остварена акција за чистење на фрлените работи и животински остатоци и кожи од одрани животни.

„По слично отстранување отпадоци и фрлени работи од органско потекло кај ТЦ „Мавровка“, екипата на Комунална хигиена се упатила во населбата „Лисиче“ и попладне ги отстраниле фрлените работи од дивата депонија што создавале многу лоша смрдеа и што биле потенцијална опасност и за можни понатамошни контаминации на средината и можни инфекции за луѓето“, велат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

На патниот правец Тетово-Бањиче има падната голема карпа на коловозот

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК: Поплавени се ниви, дворови, куќи и магацини, регистрирани се мали одрони на одредени патни правци

ЦУК: Нема позначителни врнежи, а водостоите на реките се во опаѓање

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен