На „Ало докторе“ за два дена 258 повици

Од:

На телефонската линија за медицински совет на граѓаните  „Ало докторе“ за изминатите два дена со пресек до 22 часот имаше вкупно 258 повици, соопшти денеска ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје.

На три лица кои ја повикале телефонската линија „Ало докторе“ им била потребна службата за Итна медицинска помош и докторите-специјалисти ги пренасочиле граѓаните кон бројот 194.
Јавувањата на телефонската линија за медицински совети „Ало докторе“ се од граѓаните од сите градови на Македонија.
Вкупно 17 доктори-специјалисти се достапни за медицински совет 24 часа во кол центарот на „Ало докторе“.

Во соопштението се појаснува дека повиците за кои ја повикале линијата 15123 се најчесто за медицински совет во врска со крвниот притисок, покачена телесна температура и респираторни симптоми предизвикани од променливите временски услови.

Од 18 до 22 часот во кол центарот на „Ало докторе“ денеска ќе биде дежурна директорката на клиниката за ендокринологија проф.др. Славица Страткова-Шубеска, а утре за медицински совет ќе биде достапен директорот на ургентниот центар др. реџеп Селмани.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем