На 8. март прва пресуда за Сашо Мијалков

Од:

Ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков на 8 март во 12.30 часот ќе ја чуе првата пресуда за предмет на СЈО, во случајот „Титаник 2“.

На денешното рочиште беа изнесени завршните зборови на обвинетата Анета Стефановска и на Сашо Мијалков.

Љупчо Шврговски, еден од четворицата адвокати на Сашо Мијалков, рече дека СЈО не докажало вина на неговиот клиент за обвинението, кое, како што рече се потпира само на еден аудио-разговор. Се повика и на начелното правно мислење на Врховниот суд дека СЈО е неовластен тужител по рокот определен со Законот. Тој рече дека ДИК е колективен орган и одлуките ги донесува со мнозинство.

– Отсуствува штетата од пет просечни плати, кажа Шврговски.

Ова е прва пресуда од четирите активни обвиненија за Мијалков. Тој е обвинет во случаите: „Таргет-Тврдина“, „Тортура“, „Трезор“, а осомничен е во истрагата за „Империја“. Ако судот донесе осудителна пресуда, казната затвор за Мијалков предвидена во Кривичниот законик е од една до пет години.

Првото рочиште за овој предмет се одржа на 24 април 2018 година.

Во „Титаник 2“, за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување се обвинети лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешните членови на ДИК: Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев. Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание.

Според обвинението на СЈО, Мијалков и Тачи се испазариле и успеале незаконски да биде поништено гласањето на локалните избори во Струмица во 2013 година. Во предметот беа обвинети и 5 управни судии, но Апелацискиот суд ги спаси од кривичен прогон.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Слободата на Сашо Мијалков не ja донесе Дедо Мраз, туку Артан Груби, со дозвола на дедото од Зајас

Јавното обвинителство не се согласило со условен отпуст за Сашо Мијалков

ВИДЕО: Целото видео на Сашо Мијалков со џет сетот во хотел во Монако

А1он

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Мијалков се спаси од Титаник 2, другите обвинети добија условни казни

Катерина Ѓуровски