На 24.февруари во 12 часот, граѓаните, ќе маршираат од Фондот за здравство до Министерството за здравство.
Се бара оставка од првите луѓе во здравството и сите оние кои се инволвирани во случајот со 9-годишната Тамара. Се бара правда за Тамара, но и избор на компетентен министер за здравство и квалитетен, ефикасен и достапен здравствен систем за сите граѓани.
Еве што стои во повикот:
1. Оставка од Министерот за здравство, Никола Тодоров!
2. Оставки од директорите на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ):
– м-р Маја Парнарџиева-Змејкова
– Џемали Мехази
3. Оставки од членовите на Управниот одбор на ФЗОМ, како одговорни лица во Фондот за здравствено осигурување:
– Ангел Митевски – претставник од Министерството за здравство
– Елена Трпковска – претставничка од Министерството за финансии
– проф. д-р Елизабета Србиновска Костовска – претставничка на Стопанската комора на Македонија
– д-р Љубиша Каранфиловски – доктор на стоматологија, член на Советот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Р. М.
– д-р Јосиф Трајковски- претставник на Стоматолошката комора наМакедонија,
– прим. м-р д-р Илија Глигоров – претставник од Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија
– проф. д-р Горан Коевски, претставник на осигурениците, вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
4. Оставки од членовите на првостепената и второстепената лекарска комисија, особено од:
– проф. д-р Владимир Поповски, претседател на Стоматолошката комора на Македонија
– проф. д-р Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести
– проф. д-р Анастасика Попоска, специјалист-ортопед.
5. Кривична одговорност за директорите, членовите на Управниот одбор и од првостепената и второстепената лекарска комисија на Фондот за здравствено осигурување, поради несовесно работење во рамки на својата служба.
6. Избор на независни и стручни одговорни лица во Фондот, кои ќе одлучуваат единствено во интерес на граѓаните, без да калкулираат со човечки животи.
7. Избор на компетентен министер за здравство, кој ќе ги слуша и решава проблемите на пациентите.
8. Квалитетен, ефикасен и достапен здравствен систем за сите граѓани на Р. Македонија.
9. Еднаков пристап на сите граѓани до потребните здравствени услуги.
Бараме правда за Тамара, но и за сите граѓани, поради тоа што имаме право на живот!