Почнувајќи од денешните попладневни часови па во наредните неколку дена, како резултат на циклонска активност, ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, град и ветер. На поедини места од државата се најавуваат локални поројни врнежи од дожд (на поедини места над 30 l/m 2 ), при што нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.
На одредени места врнежите се очекува да бидат поинтензивни, да паднат за кратко време и да бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер, така што можна е појава на слевање на вода во градските урбани средини поради неможноста за одведување на водата.
Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците и нивно локално излевање. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава, велат од УХМР.