МЗШВ: Владата веќе обезбедува соодветна заштита на овоштарите

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во пишаната реакција на денешната изјава на лидерот на СДСМ Зоран Заев во Ресен, наведува дека за сите предизвици и проблеми оваа Влада и министерство презема и ќе презема соодветни мерки.

– Ќе потсетиме дека  Вадата и министерството, секогаш реагираат кога има нарушување на пазарот, кога има штети од временски непогоди и секоја година исплаќа директни субвенции од скоро 93 милиони денари на 2.780 овоштари од Ресен. Оваа Влада преку своите проектот за привлекување на странски инвестиции овозможи во Ресен да се изгради најсовремен откупно-дистрибутивен центар за јаболко „Ејпл Ленд“ со вредност од околу 5 милиони евра и со складишен капацитет од 5.000 тони. Исплатата преку договори и трансакциски сметки да потсетиме е во интерес на земјоделците кои претходно, многу често беа манипулирани од трговците и накупците кои им го земаа родот, а парите никогаш не им ги исплатија, се вели во соопштението.

Дека состојбата со јаболкопроизводството оди во нагорна линија, според МЗШВ, е и фактот што се подигнуваат нови насади со продуктивни сорти јаболко, а овоштарите од Ресен се лидери во искористувањето на средствата од ИПАРД фондовите.

– Сето ова за претходните влади беше само сон. Оваа Влада не се    обврзува, како што изјавува претседателот на СДСМ Зоран Заев, туку веќе обезбедува соодветна законска заштита на овоштарите, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп