А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МЗШВ: Македонските вина можат да се промовираат во Хрватска, надминат е проблемот за пласман на пазарот

by А1он10/06/2019 - 15:57392
Share0

Македонските вина ќе можат да се промовираат во Хрватска со нивните географски називи. Проблемот со пласманот кој неодамна се појави поради спорните одредбите од новиот Закон за вино на Република Хрватска, кои имаа рестриктивен карактер кон вината со потекло од Република Северна Македонија, преку комуникација со хрватските власти, успешно е надминат, информира Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Добивај вести на вибер

„Имено, овие одредби не беа во согласност со Регулативата 1308/2013 која е облигаторна за Хрватска, како земја членка на ЕУ, ниту со Дополнителниот Протокол за вино помеѓу РСМ и ЕУ, како основен документ кој целосно ги регулира односите меѓу РСМ и ЕУ од аспект на виното. Во решавањето и надминувањето на проблемот учествуваа и претставници на Европската Комисија.

Најзасегнати од овој проблем беа винарските визби кои извезуваат вино во Република Хрватска. Имено, на истите им беше забрането во било која форма да го рекламираат и промовираат виното од РС Македонија се географските називи на истото. Ваквите рестрикции ќе предизвикаа намалување на продажбата во маркетите, кои постоеше реална опасност да престанат да го набавуваат македонското вино.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, изминатиот период имаше интензивни работни средби со амбасадорката на Република Хрватска во РСМ, Данијела Баришиќ, а беше испратено и писмо до хрватскиот министер за земјоделство Томислав Толушиќ. Сега, вината со потекло од Република Северна Македонија ќе можат да се рекламираат и промовираат во Република Хрватска. Ова е од големо значeње за винарските визби, бидејќи Хрватска е втора извозна дестинација за вино во шише од Македонија.

Со брзо надминување на проблемот винарските визби повторно го нормализираа своето работење, односно продажбата на вина на пазарот во Хрватска, пред почетокот на летната туристичка сезона кога има и најголема побарувачка за вино.“ се вели во соопштението.

hrvatskamakedonijavino

Би можело да ве интересира

Приведен психијатар осомничен за злоставување и дрогирање малолетници

Предраг Петровиќ16/12/2025 - 18:2416/12/2025 - 19:09

Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси

Предраг Петровиќ16/12/2025 - 16:39

Детски психијатар од Осиек со години злоупотребувал малолетни пациенти

Катерина Ѓуровски16/12/2025 - 12:50

Лажен полицаец измами старица за 23.300 евра, со парите го фатија на граница

А1он15/12/2025 - 16:05

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски14/12/2025 - 11:4014/12/2025 - 11:42

Трајков: Идентитетот е вредност што мора да се чува

Горан Наумовски13/12/2025 - 14:2613/12/2025 - 14:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен