А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МЗШВ: Државата ќе ги обесштети лозарите, буџетот нема да биде оштетен

by А1он08/02/2019 - 12:10166
Share0

Дополнителната помош, како мерка за исплата за продадено винско грозје што ја донесе Владата на вчерашната седница, ќе им се исплаќа на лозарите кои го продале своето грозје во периодот од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година, а кое досега не им е исплатено од страна на винарските визби кои во тој период биле регистрирани во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и вршеле откуп, инфомрираат од МЗШВ.

Добивај вести на вибер

Оваа одлука, потенцираат од МЗШВ, не значи дека државата им должи на приватните компании, туку со оваа одлука директно се обештетуваат лозарите, а преку финансиските инструменти на Управата за јавни приходи, парите ќе бидат вратени во Буџетот.

„Мерката се воведува заради одржување на производството на засегнатите лозари кои досега предаденото грозје не им беше исплатено од страна на винариите. Во насока на заштита на лозарите во делот на исплатата за откупениот род, МЗШВ веќе подготвува и нови измени на Законот за вино, со кои се предвидува воведување на меници како гаранција за исплата на откупеното грозје и создавање на услови за мали винарии кои ќе ја зголемат конкуренција“, соопшти МЗШВ.

За да им се помогне на производителите на винско грозје пред предстојната сезона, се вели во соопштението, со одлуката се предлага продаденото и ненаплатено винско грозје да се исплати од страна на државата.

„Дополнителната помош ќе се исплаќа како мерка предвидена во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година. За таа цел Владата вчера исто така ја прифати и Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година. Во неа, се врши изменување на вкупниот износ на средства во програмата предвидени за растително производство и се додава нова мерка „8-а Дополнителна помош за продадено-неплатено винско грозје во период од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година“, посочи МЗШВ.

Висината на дополнителната помош, се потенцира во соопштението, според донесената одлука се утврдува според сортата на продаденото винско грозје која не е повисока од просечната цена за откуп на винско грозје во Република Македонија која е утврдена по килограм винско грозје на годишно ниво за периодот од 2014 до 2016 година.

„Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој по приемот на податоците од страна на Државниот инспекторат за земјоделство, а согласно висината на дополнителната помош, го утврдува износот на дополнителната помош во решението за исплата по поединечен корисник. Корисникот на дополнителната помош ќе го врати исплатениот износ на дополнителната помош доколку во периодот од три години од денот на исплатата врз основа на судска одлука или исполнување на договорот за откуп/продажба на винско грозје го добие истиот, намален или зголемен износ на име надомест на штета или исполнување на договорот за откуп/продажба на винско грозје. Корисникот на дополнителната помош согласно владината одлука, средствата ги враќа на сметка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во рок од 15 дена од денот на наплатата согласно судската одлука или исполнувањето на договорот за откуп/продажба на винско грозје“, појаснуваат од МЗШВ.

Платежната агенција 60 дена пред истекот на третата година од денот на исплатата на дополнителната помош врз основа на податоците од Управата за јавни приходи врши проверка на исполнувањето на обврската на корисникот.

Врз основа на евиденцијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и врз основа на анализите на терен од страна на Државниот инспекторат за земјоделство, утврдено е дека голем дел од лозарите кои имаат предадено грозје во текот на 2014, 2015 и 2016 година, се уште немаат добиено пари.

isplata na lozarimzsv

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

Горан Наумовски12/09/2024 - 11:11

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

Горан Наумовски08/03/2024 - 13:21

Ковачевски: СДСМ обезбеди поголема поддршка за лозарите, поголеми откупни цени и зголемен извоз

Катерина Ѓуровски14/02/2024 - 12:07

МЗШВ: Системот за авионско засејување на градоносни облаци е добар проект со кој 80% ги заштитуваме земјоделските површини

Ана Ололовска31/08/2022 - 14:1931/08/2022 - 14:27

(ВИДЕО) Заев и Хоџа: Со акцијата за пошумување ги обновуваме зелените површини за здрава животна средина

Ана Ололовска03/10/2021 - 12:47

Од утре делумна забрана за движење во шумите

Ана Ололовска01/07/2021 - 10:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен