МЖСПП ќе ја продолжи акцијата „Едно капаче, една надеж“

Од:

Со донација на три инвалидски колички за Здружението „Без ограничувања“, компанијата Пакомак, Министерсвото за животна средина и простпорно планирање (МЖСПП) и фирмата за рециклирање „СНС Ре пласт“, најавија дореализација на кампањата „Едно капаче, една надеж“.

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули рече дека покрај хуманитарниот аспект, оваа акција има и високо еколошко ниво. Тој ја истакна и подготвеноста на Владата за поддршка на компаниите кои го менаџираат отпадот.

– Сите оние кои имаат собрано капачиња и чекаат да бидат преземени како и ново собраните капачиња, треба да ја пријават локацијата и количината на Фејсбук страната која веќе е активна, а тоа е „едно капаче, една надеж плус“ или на тел. број 02/3225-237, информираше Макрадули.

Според него, Министерството оваа акција ќе ја продолжи и наредната година.

Бранка Димитровска од Здружението „Без ограничување“ истакна дека количките ќе бидат доделени на три активистки од Кратово, Кочани и од Скопје.

Филип Ивановски од компанијата Пакомак која ќе биде задолжена за собирање и дистрибуција на капачињата појасни дека симболично за да се донира една количка потребни се околу 350.000 капачиња. Според него со акцијата се прават две добра, а тоа е помош на лицата со посебни потреби и заштита на животната средина, односоно ќе се намали палењето на пластичните шишиња кои се едни од загадувачите на амбиенталниот воздух.

Одговарајќи на прашање за мерките кои треба да ги превземе МЖСПП за загадениот воздух, заменик министерот Макрадули рече дека една од мерките е токму денешната акција бидејќи, според него, третирањето на отпадот и менувањето на навиките на граѓаните е најдобрата мерка или прв чекор во намалувањето на ПМ честичките во воздухот.

Би можело да ве интересира

Нов проект за зачувување на биолошката разновидност, одржливо управување со земјиштето и развој на одржлив туризам

Ана Ололовска

Енормното загадување во Кичево е грешка – снемало струја кај мерната станица, велат надлежните

Жарко Настоски

Алармантно загаден воздухот во три града, Министерството не прогласува вонредни мерки поради прогноза за ветер и дожд

Жарко Настоски

МЖСПП: Ќе се инсталираат нови мерни инструменти, можни прекини во податоците за загадувањето

Жарко Настоски

МЖСПП: Усвоени предлозите и изменувањата на осум закони од областа на животната средина

Жарко Настоски

Државата со швајцарски пари ќе згрижува повредени и запленети диви животни

Жарко Настоски