МЗ: Вчера се аплицирани 7.518 вакцини

Од:

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 778.408 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.624 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 7.518 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.482.287 дози вакцини, а ревакцинирани се 703.878 граѓани, информира Министерство за здравство.

Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител, соопштува Министерство за здравство.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, посочува МЗ.

Би можело да ве интересира

Ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани

Ана Ололовска

Вчера аплицирани вкупно 2.379 дози вакцини, од кои 700 како прва доза

Ана Ололовска

Прва доза вакцина примиле 49,4 отсто од населението над 18 години

Ана Ололовска

Вакцинираните со „Синовак“ и „Синофарм“ трета доза може да примаат три месеци по ревакцина

Предраг Петровиќ

Граѓаните кои се вакцинирани со Синовак и Синофарм трета доза вакцина може да примаат по три месеци од ревакцина

А1он

26 вакцинирани лица починале од Ковид-19 за една недела, најголем дел примиле „Синофарм“