МЗ: Прва доза вакцина вчера примиле 2.036 граѓани

Од:

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 453.180 граѓани, известува Министерство за здравство.

dobivaj vesti na viber

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 265.164 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.036 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 4.299 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 462.415 дози вакцини, а ревакцинирани се 197.251 граѓани, соопштува Министерство за здравство.

Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 36 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Би можело да ве интересира

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Ана Ололовска

Бројот на починати од Ковид-19 намален за 33 проценти, кај новозаболените има пад од 27 посто

Предложено укинување на две рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот

Кристијан Ландов

Зголемен бројот новозаболени од ковид меѓу децата и тинејџерите

Катерина Павлова-Николовска

Петличковски: Шестмина вакцинирани со три дози починале во јануари, но анализите покажуваат дека трета доза штити од смрт над 95 отсто

Маја Илиевска-Пачемска

Бремените жени имаат поголема веројатност да се разболат од Ковид-19, Институтот за јавно здравје препорача вакцинирање

Катерина Павлова-Николовска