МЗ: Нема забрана за снимање во болниците, новинарите поканети на состанок околу потешкотиите

Од:

Министерството за здравство жали за недоразбирањето кое настана откако вчера до медиумите беше испратено известување во кое појаснивме дека ниту Министерството ниту која било друга Здравствена установа има издадено наредба или донесено одлука, или сл. за забрана за снимање, велат од Министерството во соопштение издадено вечерва.

ЗНМ и новинарскиот Синдикат денеска ги повикаа здравствените власти да дозволат снимање во болниците и ковид-центрите, откако новинари од повеќе редакции се пожалија дека не им било дозволено да снимаат во близина на здравствените установи.

„Се надеваме дека дека ЗНМ и ССНМ го разбираат притисокот под кој работат медицинските лица и сите останати служби во болниците, но Министерството за здравство отсекогаш се залагало и останува транспарентно во комуникација со новинарите и медиумите. Медиумите се еден од нашите најсилни и најсериозни партнери од почетокот на оваа криза. Министерството за здравство утре поканува претставници на ЗНМ и ССНМ на состанок за да споделат со нас детали во однос на тешкотиите со кои се соочуваат во комуникација со одредени ЈЗУ-а,“ велат од МЗ, упатувајќи уште еднаш на вчерашното соопштение во кое се кажува дека нема одлука за забрана на пристапот за новинарите до ниту една болница.

Би можело да ве интересира

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски

ЗНМ: Остра осуда за нападот врз редакцијата на „Инфомакс“

Горан Наумовски

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места

Горан Наумовски

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија