МЗ: Граѓаните масовно да се вакцинираат, сите вакцини се безбедни

Од:

По детектирањето на седум пациенти кај кои е утврдено присуство на индиската варијанта, се испостави дека истите не биле вакцинирани, што уште еднаш го потврдува фактот колку е потребно граѓаните што побрзо да се вакцинираат, соопштија денеска од Министерството за здравство.

Според Министерството, вакцинацијата е единствен начин да се спречи ширењето на делта сојот во земјава, а со тоа де се спречи и евентуален нов силен бран на вирусот.

– Делта сојот е присутен во околу 100 земји во светот, оттука ние како држава не може да бидеме изземени тој да се рашири и кај нас. Состојбата во нашата земја, гледано од епидемиолошки аспект засега е мирна, секојдневно се следи ситуацијата и се прават анализи на истата. Сепак, делта сојот има висока трансибилност, оттука важно е граѓаните масовно да се вакцинираат, посочуваат во соопштение.
Од МЗ појаснуваат дека сите официјални информации од меѓународните здравствени институции, домашни анализи на експерти и стручњаци во областа на вирусологијата и епидемиологијата, укажуваат на тоа дека единствен начин да се спречи ширењето на делта сојот или другите соеви на SarsCov2 е вакцинацијата.

Притоа, додаваат дека сите вакцини кои ги има кај нас се безбедни, признаени од СЗО и националните институти на земјите што ги произведуваат.

– Секоја вакцина е ефикасна и штити од тешка форма на болеста, компликации или смртен исход. Вакцините се безбедни, ефикасни и единствен начин да ја одржиме состојбата стабилна. Веќе од понеделник 12 јули, вакцинацијата во државата ќе се одвива и без закажан термин, а ќе започне и теренската вакцинација така што вакцините ќе бидат достапни до секого и секаде, се наведува во соопштението.
Министерството за здравство апелира до граѓаните дека е важно да спрoведеме брза и ефиксна вакцинација, затоа упатува апел и повик до сите граѓани кои досега не се пријавиле за вакцинација или се двоумат, што побрзо да се вакцинираат.

Би можело да ве интересира

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Ана Ололовска

Бројот на починати од Ковид-19 намален за 33 проценти, кај новозаболените има пад од 27 посто

Предложено укинување на две рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот

Кристијан Ландов

Зголемен бројот новозаболени од ковид меѓу децата и тинејџерите

Катерина Ѓуровски

Петличковски: Шестмина вакцинирани со три дози починале во јануари, но анализите покажуваат дека трета доза штити од смрт над 95 отсто

Маја Илиевска-Пачемска

Бремените жени имаат поголема веројатност да се разболат од Ковид-19, Институтот за јавно здравје препорача вакцинирање

Катерина Ѓуровски