МЗ: Фрлањето отрови за кучиња-скитници опасно по здравјето на луѓето

Од:

Министерството за здравство соопшти дека зачестеното фрлање отрови за кучиња-скитници на територијата на град Скопје може да биде исклучително опасна по здравјето на луѓето.

Од Министерството посебно апелираат на поголема свесност и совесност бидејќи злоупотребата на овие материи директно го загрозува и здравјето на децата, кои лесно може да дојдат во допир со фрлените отрови на јавни површини.

Според стручните лица во областа, посочуваат од Министерството, за оваа намена најчесто се користат пестициди, или други опасни и токсични хемикалии, кои во директен допир со човекот може да предизвикаат и фатални последици, а дури и вдишувањето вакви хемикалии може да создаде трајни последици по респираторниот систем, стои во соопштението.

Имајќи предвид дека од здравствен аспект, овие материи се исклучително опасни како за животните, така и за луѓето, уште еднаш апелираме дека лицата одговорни за предизвикување смртен исход со вакви дејства, може кривично да одговараат согласно позитивните прописи во Република Македонија, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!