МВР: Запленета дрога со вредност околу 70.000 евра, приведени четири лица

Од:

Во координирана акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ОВР Гостивар и ОВР Дебар вчера лишени се од слобода четири лица и запленети се околу 20 килограми марихуана, со вредност од околу 70.000 евра, како и три возила, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

– Полициски службеници од ОВР Дебар кај Бошков мост се обиделе да сопрат патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки поради сомнение дека во возилото има дрога, но возачот не застанал и се дал во бегство, а по преземени мерки и активности во близина на Скудрински мост пронајдено е возилото и приведен А. И. (32) од село Никуштак. Во возилото се пронајдени две големи торби со 20 пакувања марихуана, наведуваат од МВР во соопштение.

Во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, на магистралниот пат Дебар-Гостивар сопрено е патничко моторно возило „рено лагуна“ со германски регистерски ознаки, кое имало улога на „чистач“ при транспортот, при што се лишени од слобода возачот Б. Џ. (45) од село Арачиново и Б. А. (34) од село Арачиново, кој се барал и со потерница за претходно сторено кривично дело.

Од МВР посочуават дека денеска, во врска со овој случај, во Дебар е лишен од слобода и У. Н. (28) од село Бањишта и извршени се и претреси, при што се пронајдени поголема сума на пари, мобилни телефони и сим картички, а одземени се и три возила.

Против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 215 став 3 од Кривичниот закон и ќе бидат изнесени пред надлежен судија.

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

Во Србија фатен бугарски државјанин со над три килограми дрога

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

Медведев: Приказната за дрогата е изговор, вистинската цел е венецуелската нафта

Податоците од САД ги побиваат тврдењата на Трамп: Кокаинот во САД не доаѓа од Венецуела

Мадуро: Време е за разговори со САД за борба против дрогата