А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

МВР: ВМРО-ДПМНЕ да не шири лаги, очигледно им пречат одличните резултати на полицијата во справувањето со криминалот

by А1он10/06/2023 - 10:5510/06/2023 - 10:561050
Share0

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира „лагите пласирани од партијата ВМРО-ДПМНЕ за некакво влијание на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски во случај кога е нападнат полициски службеник, како и наводна инволвиранст на неговиот син“.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Станува збор за класична дезинформација. Ниту имало влијание ниту некој може тоа да го направи, ниту бил инволвиран синот на директорот на БЈБ. Напротив, вистината е дека на 3 јуни околу 01.45 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје имаше уште една во низата успешни акции на полицијата. Лишени од слобода се три лица и биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана, а лицата ќе одговараат пред законот и за напад на полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Настанот е соодветно објавен во извадокот од дневни настани кој МВР секојдневно го објавува, се вели во демантот на МВР на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

МВР продолжува со бескомпромисната борба против секаков вид на криминал, што го покажуваат и статистиките за сериозно намален криминалитет поради доброто работење на полицијата. И во наредниот период полицијата продолжува со иста посветеност, се во интерес на безбедноста на граѓаните, иако е очигледно дека овие добри резултати некому му пречат па мора да се служи со лаги и дезинформации, се додава во соопштението на Министерството.

ministerstvo za vnatresni

Би можело да ве интересира

Од 549 нови полицајци, помалку од 40 Албанци, од 30 наградени, само еден Албанец, реагира ДУИ

Катерина Ѓуровски14/08/2026 - 08:15

Проблемот со здравственото осигурување во МВР повторно е поради вратени вработени со судски одлуки, објаснуваат од Фондот

Катерина Ѓуровски11/08/2026 - 13:5211/08/2026 - 13:56

Вработените во МВР повторно немаат здравствено осигурување

Катерина Ѓуровски11/08/2026 - 11:4211/08/2026 - 12:13

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:59

Претрес во куќата на екс министерот за полиција во Словенија – има сомнежи дека соработувал со Кавачкиот клан

А1он30/09/2025 - 17:5430/09/2025 - 18:03

МВР вработува 150 полицајци

Катерина Ѓуровски16/07/2025 - 10:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео