ВМРО-ДПМНЕ: Дали директорот на БЈБ влијаел врз случај каде се тепани припадници на ЕБР?

Од:

„Дали директорот на БЈБ влијаел врз случај каде се тепани припадници на ЕБР? Вадени ли се луѓе од записник заради врски со него?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ постави прашања, а директорот на БЈБ и ЈО молчат. Сашо Тасевски мора да одговори, дали едно од четворицата лица кои биле фатени и евидентирани од полицијата под сомнение дека сакале да употребат бела прашкаста материја, и притоа ја нападнале полицијата бил негов син?

Сашо Тасевски мора да одговори, дали настанот кој се случил во 1 часот по полноќ, а напаѓачите биле однесени во ПС Карпош во 1.45 часот, е заведен во полициски билтен дури во 6.30 часот сабајлето, под притисок?

Дали таквиот притисок или нешто друго е причина за во полицискиот билтен наместо четворица, да бидат запишани три лица? И фали четвртото лице е синот на Тасевски?

Сашо Тасевски да не се крие и да даде одговори. Истовремено ЈО да не чека и да отвори истрага“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски