МВР вчера во Скопје казни 172 возачи

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се седум мерки за нерегистрирани возила, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за користење мобилен телефон при возење.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

Уапсени се 20 возачи за безобѕирно управување возило, 16 возеле без возачка дозвола

МВР санкционираше 16 несовесни возачи, четворица биле под дејство на алкохол

Шест возачи се приведени поради безобѕирно возење, дел биле под дејство на алкохол

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка

Горан Наумовски